АНП од Гнилање во рамките на проектот „Регионални младински акции против дискриминација“ на 24.03.2010 година ги спроведе следниве активности:
- Изработка на антидискриминациски сет со дизајни
- Изложба за дискриминација
- Улична акција
Живи библиотеки на Едукативниот Центар од Србија
Целта на живите библиотеки е да промовира човекови права и еднаквост. Живите библиотеки отвораат конструктивен дијалог за предрасудите и стереотипите кои водат кон нетолеранција и дискриминација на индивидуи и групи луѓе во заедницата. Во живите библиотеки имаме: книги, читачи и библиотекари. Книгите се луѓе кои се дискриминирани. Читателите се млади луѓе од средните училишта кои би сакале да чујат различни приказни и стилови на живот. Библиотекарите се млади луѓе кои се тренирани да го организираат процесот.
Распоред за живи библиотеки за месец Март:
Jавна дебата во Брчко БиХ
“ РЕГИОНАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИИ ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА„
Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ
Дискриминација на младите и националните малцинства при вработување
ЈАВНА ДЕБАТА ВО БРЧКО
Среда, 10 Март 2010.
Место: Младински Центар Област Брчко БиХ (Плоштад на правдата18).
Време: 13:00-15:30.
Ве покануваме да земете активно учество на
Осум причини за повлекување од Авганистан
Повлечете ги македонските војници од Авганистан!
Осум причини за повлекување од Авганистан
Регионален состанок на младинската програма на Норвешка Народна Помош
Од 19 то 22 Ноември 2009, се одржа регионален состанок на младинската програма на НПА во хотелот "Балзак" во Скопје. Состанокот беше организиран од Мировна Акција. На состанокот беа присутни по двајца претставници од секоја партнерска организација од мрежата. Беа дискутирани следните работи: дискриминацијата на Балканот, проектите на партнерите во врска со антидискриминацијата и подобрувања во комуникацијата на мрежата.
ФемФест 29.06-05.07.2009 Скопје и Прилеп
ФемФест е фестивал со еднонеделна програма исполнета со музика, уметност и работилници направени од жени или со теми поврзани со жените.
Се состои од свирки на 8 женски/мешани групи и ДЏ од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешката Република.
Освен овој дел за “разонода“, ФемФест ќе ги постави и темите за дискриминацијата на жената на пазарот на трудот, влијанието на денешните медиуми врз стандардите за убавина и сексизам, и за расизмот кон Ромските жени во Македонија.
ФемФест е организиран од Мировна Акција во соработка со “Акција Здруженска“ (http://www.zdruzenska.org.mk/) и со помош од многу пријатели.
Програмата на фестивалот можете да ја најдете во“прочитај повеќе“.
Веб страна на ФемФест www.femfestmk.wordpress.com.

Мировни Вести




