Advertisement

Налог за влез






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Издвоено

  „РАСТЕЊЕ СО ВОЈНА /

RRITJE ME LUFTË“

(Кликни на насловот за преземање на книгата)

 

Мировни вести
Мировни вести
ФемФест 29.06-05.07.2009 Скопје и Прилеп PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Lucie Bilderova   
ФемФест е фестивал со еднонеделна програма исполнета со музика, уметност и работилници направени од жени или со теми поврзани со жените.femfest_baner.jpg

Се состои од свирки на 8 женски/мешани групи и ДЏ од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешката Република.

Освен овој дел за “разонода“, ФемФест ќе ги постави и темите за дискриминацијата на жената на пазарот на трудот, влијанието на денешните медиуми врз стандардите за убавина и сексизам, и за расизмот кон Ромските жени во Македонија.

ФемФест е организиран од Мировна Акција во соработка со “Акција Здруженска“  (http://www.zdruzenska.org.mk/) и со помош од многу пријатели.

Програмата на фестивалот можете да ја најдете во“прочитај повеќе“.

Веб страна на ФемФест www.femfestmk.wordpress.com.

Прочитај повеќе...
 
“Антифашизам – мојот избор!“ PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   

Работилница и улична акција: “Антифашизам – мојот избор!“

Белград, 4 и 9 Мај 2009. Квирија Белград.

На 4 Мај 2009 година во просториите на “Жени во црно“ во Белград се одржа работилница/дискусија која претходеше на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата и Денот на Европа. Дискусијата ја организираа “Квирија центар“ и “Жени во црно“. На работилницата присуствуваа 20 активисти и активистки од “Квирија центарот“ и “Жени во црно“ и од “Сојузот на антифашисти на Србија“, како и други поединци и поединки од други невладини организации.

Уличната акција на 9 Мај беше организирана со цел да се означи Денот на победата и Денот на Европа и се искористи како одлична можност да ги етаблираме нашите ставови и погледи од работилницата.

Повеќе прочитајте во делот Демилитаризација.

 
Јавна дебата во Тузла PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   

Јавна дебата: “Регионална работа на демилитаризација на свеста – предности и можности“

Хелсиншкиот граѓански парламент (хЦа) Тузла / Младинскиот ресурсен центар (ОРЦ) Тузла, ја организираше дебатата “Регионална работа на демилитаризација на свеста – предности и можности“, во среда на 15 Април, 2009 во Куќата на пламенот на мирот, од 13:00 до 15:00 часот. Воведничари во дебатата беа Миралем Турсиновиќ (ХЦА/ОРЦ Тузла) и Вехид Шехиќ (Форум на граѓаните на Тузла).

На дебатата беа присутни претставници на МВР, Просветно педагошкиот завод, претставници на средните училишта од Тузла, младински организации, политички партии, претставници на факултетите од Тузла и здруженија на студентите, граѓани, како и претставници на медиумите.

Повеќе можете да најдете во делот Демилитаризација.

 
Работилница и дебата за разрешување на конфликти PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   

Организација: Д.Ц. Нове Наде – Фоча

Работилницата се одржа на 4.4.2009 во хотелот Зеленгора со почеток во 12 часот, Дебатата на 16.04.2009 во 17 часот. На активностите беа присутни 22 учесници, најмногу средношколци од 2,3 и 4 година.

Воведен збор имаше Александар Драгаш, кој даде кратки информации за регионалниот проект, партнерите во него, како и генерално за мировните процеси. Во продолжение, работилницата ја водеше нашата долгогодишна активистка Ана Шушњевиќ, ученичка во 3 година во Економското средно училиште.

Обработени беа следните области: потекло на конфликтот – наши искуства; што е конфликт; совети за решавање на конфликтите; типичен конфликт, комуникација, разбирање, стојалишта.

Повеќе прочитајте во делот Демилитаризација.

 
Работилница: Отворен простор во Скопје PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   

Тема: Присутноста на насилството и дискриминацијата

Датум: 28.03.2009
Локација: Средно училиште “Георги Димитров“, Скопје, Македонија


Учесници: Средношколци - активисти на Младински Иницијативи, нови волонтери

Целата на оваа работилница е да се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот став по однос на поставената тема, ќе дадат предлози и идеи за следни активности и проекти и ќе се мотивираат да работат на истите.
На работилницата учествуваа 14 младинци, дел од нив активисти на МИ, дел нови волонтери кои дојдоа со намера да се вклучат во следните активности на програмата за антидискриминација.
 
Повеќе можете да најдете во делот Демилитаризација.
 
Дебата во Тетово PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   
Дебата на тема: Предрасуди, конфликти и ненасилни начини за решавање на проблемите во меѓуетничките односи во Тетово и улогата на младите во тој процес

Датум: 01.04.2009
Место: ЈИЕ Универзитет во Тетово, Македонија
Организирано од: Мултикултура,Тетово


Во рамките на проектот “Регионални иницијативи за демилитаризација“, Мултикултура како партнер организација за градот Тетово спроведе Дебата.

Дебатата се одржа во ЈИЕ Универзитет во Тетово каде што присуствуваа 20-сетина учесници/чки  и студенти од Тетово и Полошкиот регион, како и претставници од  невладини организации.
 
Повеќе прочитајте во делот Демилитаризација.
 
Јавна дебата: 'Дом на армија против Младински центар' PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Peace Action   

Место: Уметничка галерија, Пожега, Србија
Датум и време: 22.04.2009. 18:00 – 19:30
Организатор: Форца Пожега

Јавната дебата беше организирана во Уметничката Галерија во Пожега на 22.04.2009 и претставува продолжение на напори на Форца за основање на Младински Центар на местото на поранешниот Дом на Армија. Дебатата ја водеа Петар Ковачевиќ, млад и успешен продуцент, Бранкица Димитријевиќ, претставничка на средношколците, и Мирослав Тамбуриќ, претставник на Форца. На дебатата имаше околу 35 учесници/чки, претставници/чки на младите, на локалната самоуправа, Центарот за социјални работи, полицијата, училишни педагози, универзитетски професори.

Повеќе можете да најдете во делот Демилитаризација.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

езултати 1 - 7 од 48
© 2009 Мировна Акција - Peace Action
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
Web page developed by Nova Solutions